АПАвтоПазар

Помош

Најчести прашања за користење на АвтоПазар.

Како да објавам оглас?

Најавете се, кликнете на „Продади" и поминете низ чекорите: категорија, марка и модел, детали, опрема, фотографии и цена. Можете да зачувате нацрт и да го објавите подоцна. До 20 фотографии по оглас, секоја до 5 MB (JPEG, PNG или WebP).

Дали објавувањето е бесплатно?

Да. Објавувањето како приватно лице е бесплатно, без ограничување на времетраење. Платени се само промоциите (Топ, Спонзорирано, Премиум, Авто-обновување) и пакетите за автоплацови — цените ги гледате пред да платите. Правилата за откажување се на Поврат и откажување.

Што е промоција на оглас?

Топ оглас го става возилото на самиот врв со поголема картичка. Спонзорирано е зоната веднаш под Топ. Премиум ја обојува картичката за да отскокнува. Авто-обновување го крева огласот на врвот на обичните резултати секој ден, автоматски. Бесплатно рачно освежување имате еднаш на 24 часа.

Како да контактирам продавач?

На страницата на возилото кликнете „Испрати порака" или јавете се на прикажаниот телефон. Пораките ги гледате во делот „Пораки".

Како да зачувам оглас?

Кликнете „Зачувај“ (или срцето) на огласот. Сите зачувани огласи се во „Зачувани“ во менито.

Како функционираат зачуваните пребарувања?

Зачувајте пребарување со одредени филтри и вклучете известувања (ѕвонче) за да добивате е-пошта кога ќе се појават нови возила што одговараат.

Јас сум автоплац. Како работи?

Регистрирајте се и изберете пакет на За автоплацови. Профилот се верификува рачно (назив на фирма и ЕМБС/ЕДБ), по што добивате сопствена витрина, значка и автоматско дневно освежување на сите огласи. Првиот период е бесплатен, без картичка.

Сомнителен оглас?

На секој оглас има копче „Пријави". Пријавата стигнува директно до нас и ја разгледуваме во рок од 24 часа. Никогаш не плаќајте капар за возило што не сте го виделе.

Како да ја избришам сметката?

Во Мој профил, на дното, под „Бришење на сметка". Постапката е неповратна: се бришат огласите, фотографиите, омилените, зачуваните пребарувања и вашите пораки.

Сѐ уште имате прашање?

Пишете ни на poddrska@avtopazar.mk.